24фудбал

Де Јонг доби овации од навивачите на Еибар

Немаше поубав начин од тоа како профункционира „убиственото“ трио во нападот на Барселона во денешниот меч, меѓутоа еден фудбалер на Каталонците имаше особено голем придонес, а истиот доби овации од гледалиштето.

Шпанија

Барселона лесно со 0-3 го совлада Еибар на негов терен во редовното деветто коло од шпанската Примера, а погодоците за Каталонците ги постигнаа триото Гризман – Меси – Суарез, сепак, особено добри перформанси имаше Френки Де Јонг.

Младиот Холанѓанец мечот го играше седо 79. минута, а дотогаш веќе беа постигнати сите погодоци на Каталонците, тој беше заменет од Иван Ракитиќ, а при излегувањето од теренот доби награда од домашната публика за фантастичните перформанси.

Домашните навивачи не ги криеја своите импресии од изданието на Де Јонг, па така со овации го испратија Холанѓанецот при неговото излегување од теренот.