24фудбал

Борусија Дортмунд го суспендираше Санчо

Англискиот репрезентативец поради недисциплина е казнет од страна на шефот на стручниот штаб на „Милионерите“, а воедно нема да биде во комбинација за дуелот против моментално првопласираната екипа во Бундеслигата.

Германија

Првата ѕвезда на Борусија Дортмунд, младиот Џејдон Санчо е суспендиран од страна на клубот поради недисциплина, а тој воедно ќе биде изоставен за денешната пресметка против Борусија Менхенгладбах на домашен терен.

„Скај Спортс“ извести дека Англичанецот е изоставен од составот на „Милионерите“, а воедно и казнет од страна на шефот на стручниот штаб на тој состав, Лусијен Фавр откако задоцнил на враќањето од репрезентативните обврски со селекцијата на Англија.

Санчо беше дел од составот на „Гордиот Албион“ во гостинската победа кај Бугарија со 0-6, а поранешниот фудбалер на Манчестер Сити забележа настап откако доби прилика од клупата за резервни фудбалери.

19 годишниот офанзивец во новата сезона во Бундеслигата досега забележа седум настапи, на кои успеа да постигне и три погодоци.