24фудбал

Мајорка го изненади Реал и го совлада по 10 години, Трајковски доби десетина минути против „кралевите“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид со пораз си замина од гостувањето кај Мајорка, домаќините го изненадија фаворитот и ја забележаа првата победа над „кралевите“ по 2009 со голот на Лаго Жуниор.

Шпанија

Зинедин Зидан се реши за ротации пред настапот во Лигата на шампионите, но експериментот не успеа па Реал се враќа во Мадрид со празни раце.

Мајорка успеа да го изненади фаворитот, да триумфира со 1-0 и да слави против „кралевите“ по десет години.

Клучниот момент се случи во 7. минут акога Лаго Жуниор убаво си направи простор и прецизно биеше на подалечната статива. Реал се обиде да стигне до позтивен резултат и најблиску беа во финишот на првиот дел, кога Бензема ја погоди пречката. Како одминуваше времето, гостите се помалку беа опасни а работата дополнително им отежна кога Одриозола заработи втор жолт картон и исклучување во 74. минута.

Александар Трајковски доби шанса во завршницата на местото на стрелецот на единствениот погодок, Македонецот помина десетина минути на теренот и почувствува како е да се слави против најголемиот клуб во светот.