24фудбал

Пандев им се извини на фановите на Џенова

Горан Пандев кој беше капитен на Џенова на синоќешниот меч против Парма им се извини на фановите за големиот пораз.

Италија

Џенова беше прегазена на гостувањето кај Парма каде што загуби со 5-1. Горан Пандев го одигра првото полувреме и ја носеше капитенската лента.

„Мора да им се извиниме на нашите фанови, не е добро кога ќе се загуби вака. Не знам да објаснам, се недостасуваше. Веројатно ја немавме потребната смиреност и самодоверба. Мора веднаш да заборавиме на овој натпревар и мислите да ги насочиме на следниот. Мора да работиме и да ја вратиме самодовербата. Да се примат три голови во пет минути, тоа ви ги сече нозете. Жал ни е за тренерот, цела недела работевме добро, но тоа што тој го побара не го направивме на теренот“, изјави Пандев.

Тренерот Андреацоли е пред отказ кој има големи шанси да го добие уште во текот на оваа недела. По осум одиграни кола Џенова е претпоследна со само пет освоени бодови.