24фудбал

На новинар од Англија му дојде преку глава од изјавите на Гвардиола: Потрошени се многу пари, а секоја година кажуваш...

Пеп Гвардиола уште еднаш посочи дека неговиот Манчестер Сити не е подготвен за триумф во Лигата на шампионите, ваквата изјава не му се допадна на еден новинар кој го потсети стратегот дека секоја година го говори ова а за изградба на тимот има потрошено многу пари.

Лига на Шампиони

Шпанецот во 2016 го наследи Мануел Пелегрини на кормилото на „граѓаните“ и откако првата сезона му беше разочарувачка, неговиот тим две сезони доминираше во Премиерлигата.

Сепак, сосема друга е приказната во Лигата на шампионите, трофејот за кој Пеп Гвардиола беше донесен на Етихад стадионот. Неговиот тим беше елиминиран од Монако, Ливерпул и Тотнем и се уште го нема изедначено постигнувањето на Мануел Пелегрини, кој играше полуфинале.

Пеп Гвардиола сега повторно се пожали дека неговите избраници не се подготвени за триумф во елитното европско натпреварување и дека други клубови се фаворити. Ваквата изјава не му се допадна на еден новинар кој го потсети стратегот дека секоја година ги повторува овие зборови, а има потрошено многу пари за изградна на овој тим.

„Доколку не сте подготвени сега да триумфирате во Лигата на шампионите, кога ќе бидите? Можеби ќе бидете напролет доколку се подобрите во следните месеци? Или можеби следната година? Или можеби за пет години?“ – гласеше прашањето на новинарот.

„Не знам Џејмс, навистина не знам“ – кратко одговори Гвардиола.

Потоа следеше ново прашање од новинарот: „Причината поради која го поставувам прашањето а тоа што многу пари се инвестирани во овој тим а вие секоја година исти работи кажувате. Малку чудно изгледа тоа што не сметаш дека Сити е подготвен...“

Гвардиола на ова додаде „Џејмс, колку пати го имаме одговорено ова прашање? Можам да одговорам уште еднаш, но го знаете моето мислење. Кажав уште на првата прес конференција тука пред четири години. Имам одговорено многу, многу пати и не сум го променил мислењето. Ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите, ќе се обидеме но не знам дали ќе успееме да триумфираме. Доколку ја освоиме, ќе бидам среќен. Доколку не ја освоиме, ќе се обидеме следната сезона“.