24фудбал

Идеално за Пандев, Мота ќе биде нов тренер на Џенова

Поранешниот соиграч на Горан Пандев со кој заедно ја освои Лигата на шампионите, Тиаго Мота ќе биде нов тренер на Џенова.

Италија

Според италијанските медиуми, Мота добил понуда од Џенова која ја прифатил и утре треба да биде промовиран во нов тренер.

Новинар на „Тутомеркатовеб“ го пречекал Мота на аеродром во Џенова, а тој му потврдил дека е подготвен да стане нов тренер на тимот.

За Мота ова ќе биде прво сениорско искуство како тренер, тој досега го водел само тимот на ПСЖ до 19 години.

Поставувањето на Мота на кормилото за Џенова би требало да биде поволно за Пандев бидејќи тие двајца беа дел од тимот на Мурињо кој ја освои историската тројна круна. Но времето ќе покаже каква ќе биде минутажата на нашиот капитен под водство на младиот стратег.

37-годишниот Мота пред да се пресели во Интер една сезона играше за Џенова.