24фудбал

Кристијано Роналдо е посреќен со Сари отколку со Алегри

Кристијано Роналдо вели дека повеќе му одговара стилот на игра на Маурицио Сари отколку тој на Масимо Алегри.

Англија

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо вели дека е среќен со тренерската промена во тимот бидејќи повеќе му лежи стилот на игра на Сари.

„Сега имам повеќе слобода, многу сум среќен, ги менуваме тренерите за да напредуваме. Ми се допаѓа начинот на кој Сари сака да играме“, вели Кристијано Роналдо.

Роналдо има нешто подобар учинок отколку овој период минатата сезона, но Јуве има освоено помалку бодови. Сепак фудбалерите на италијанскиот шампион се уште се навикнуваат на новиот стил на игра.