24фудбал

Гвардиола го подбра „заспаниот“ Стоунс на клупата

„Граѓаните“ се соочуваат со големи проблеми во дефанзивната линија, синоќа Гвардиола имаше посебни промени во тој ред, играјќи со Родри и Фернандињо, но повредата на првиот пред крајот на првиот дел донесе и бесна реакција кај каталонскиот тренер, која беше уловена од страна на тв камерите.

Лига на Шампиони

Англискиот првак Манчестер Сити иако тргна со негатива пред своја публика, сепак на крајо успеа да се радува на убедлива победа од 5-1 во дуелот со Аталанта во третото коло од Лигата на шампионите.

Одлична партија имаа „Граѓаните“, особено Стерлинг кој запиша една асистенција и три погодоци во мрежата на италијанскиот прволигаш кој дојде до третиот пораз во своето деби во елитното европско клупско натпреварување.

Сепак, освен што „шоуто“ на мечот го украде расположениот Стерлинг, камерите уловија и нервозна реакција на шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола кон крајот на првиот дел.

Пеп се реши за Фернандињо и Родри во дефанзивна улога, потмопогнати од Менди и Вокер на бековските позиции, меѓутоа Родри се здоби со повреда во 41. минута и мораше да биде заменет.

Проблемот настана кога Стоунс беше фатен „на спиење“ од својот тренер кој веднаш му се нафрли на клупата и бурно реагираше поради неговата спора реакција откако увиде дека треба да влезе во игра, односно поради фактот што токму тој е замената за таа позиција на која настапи Родри.