24фудбал

Стерлинг правеше „дар-мар“ во одбраната на Аталанта (ВИДЕО)

Англиската ѕвезда игра во одлична форма, а синоќа истата ја потврди со неверојатен учинок од една асистенција и три погодоци за нови три бода за Манчестер Сити и максимален ефект од три победи во својата група од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Аталанта прва поведе на „Итихад“ синоќа, но само дополнително ги мотивираше домаќините да покажат што знаат и умеат, а токму тоа и се случи откако во продолжението од пресметката „Граѓаните“ постигнаа пет погодоци, од кои три беа дело на Стерлинг, а два на Агуеро.

Дека Рахем Стерлинг е во неверојатна форма нема никакви дилеми, а УЕФА во својот избор од мечот во Манчестер го издвои моментот кога напаѓачот на англискиот првак во еден напад имаше серија добри потези и практично направи „дар-мар“ во одбраната на италијанскиот прволигаш...