24фудбал

Тотнем отвори истрага: Како ли овие 200 навивачи на Црвена звезда дојдоа на трибините? (ВИДЕО)

Иако под суспензија, Црвена звезда имаше поддршка од трибините на арената во Лондон за пресметката со Тотнем која српскиот првак ја загуби убедливо со 5-0, Премиерлигашот отвори истрага и најави санкции кон секоја индивидуа за која ќе се утврди дека продавала влезници по нелегален пат.

Лига на Шампиони

Англискиот премиерлигаш Тотнем започна со целосна истрага за да дојде до одговорот на прашањето како група навивачи на Црвена звезда се најдоа на трибините од пресметката во Лондон синоќа во рамките на третото коло од групите во Лигата на шампионите.

Останува отворено прашањето како тие имале можност нелегално да дојдат до влезница од мечот откако тие се под суспензија од страна на УЕФА поради расизам од претходно.

Уште минатиот месец од Европската куќа на фудбалот донесоа одлука да се суспендираат навивачите на белградскиот тим поради расизам на мечот против Хелсинки во Финска во рамките на квалификациите кои се играа во јули, а со тоа Црвена звезда не беше во можност да продава билети за гостувањето кај Тотнем.

Освен тоа, српскиот првак се здоби и со парична казна во висина од 50,000 евра, па од тука многу нејаснотии се појавија во Тотнем за тоа како гостински навивачи завршија на арената во Лондон.

„Телеграф“ пишува дека Тотнем не бил во можност влезниците од синоќешниот меч да ги стави на генерална продажба бидејќи постоеле стравувања дека навивачи на Црвена звезда ќе можат лесно да дојдат до нив, за потоа да се редуцира капацитетот на стадионот на Премиерлигашот за тој меч.

Меѓутоа, група од гостински навивачи, во бројка од околу 200, некако имале можност да дојдат како група на Северниот дел на гледалиштето, а истата била голема по бројност и не можела да биде одбиена, па како што велат од Тотнем, истата постојано ги ставала под будно око стјуардите и полициските службеници кои морале внимателно да ги следат за да се избегнат инциденти со домашните навивачи.

Навивачите на Црвена звезда нелегално купувале индивидуални влезници на „Ниво 5“ од стадионот и практично се собрале како една група во една скција на стадионот, за потоа да навиваат заедно како група“ рече портпаролот на Тотнем објаснувајќи ја целата ситуација.

Стјуардите и полициските службеници утврдија дека групата е во толку голема бројка што не може да биде одбиена, ние веќе почнавме со целосна истрага за да разбереме како тие си овозможиле да обезбедат влезници, ние ќе преземеме максимални мерки кон секоја индивидуа доколку се утврди дека истата продавала влезници на гостински навивачи“ додаде тој.

Дополнителни прашања отвора и следново видео на кое јасно се гледа како гостинските навивачи „маршираат“ низ Лондон со полициска придружба.