24фудбал

ЛШ: Минималец за Челси кај Ајакс, Лајпциг со пресврт до триумф против Зенит (ВИДЕО)

Се одиграа двете пресметки во денешната програма натпревари од третото коло во групите од Лигата на шампионите, фаворитите ја оправдаа фаворитската улога.

Лига на Шампиони

Челси дојде до минимална победа од гостувањето кај Ајакс, а со тој триумф избраниците на Френк Лампард се израмнија со холандскиот претставник (6) на делба на првата позиција во групата „Х“ каде подоцна играат Лил (0) – Валенсија (3).

Единствениот гол на мечот во Амстердам беше дело на Батшуаи кој во игра влезе на местото на Абрахам во 71. минута, за веќе во 86. минута да донесе триумф за Премиерлигашот на ова гостување.

На втората пресметка која се играше исто од 18,55 часот Лајпциг со пресврт дојде до победа од 2-1 во дуелот со Зенит.

Гостите први поведоа со голот на Ракитски во 25. минута, а со таа предност Русите заминаа на паузата.

Во второто полувреме Лаимер во 49. минута, односно Сабицер во 59. минута донесоа триумф за Германците кои со оваа победа се искачија на првото место во групата „Г“ со шест бода, два повеќе од Лион и Зенит, Бенфика е засега без бодови во оваа конкуренција.


Со почеток од 21 часот се играат следните пресметки:

Бенфика – Лион

Генк – Ливерпул

Интер – Борусија Дортмунд

Лил – Валенсија

Салцбург – Наполи

Славија Прага - Барселона