24фудбал

Голем удар за „Баварците“: Ернандез неколку седмици вон стројот

Германскиот првак славеше на гостувањето кај Олимпијакос и така запиша максимален ефект од три победи во својата група од Лигата на шампионите, меѓутоа остана без еден од своите клучни играчи во синоќешната пресметка.

Германија

Францускиот дефанзивец од редовите на Баерн Минхен, Лукас Ернандез се здоби со повреда од посериозен карактер на мечот против Олимпијакос каде уште во 59. минута мораше да биде заменет, а потоа мораше на патерици.

Со тоа се потврдија стравувањата во Баерн Минхен за тоа дека на Ернандез му било потребен одмор и отсуство од интернационалната пауза, меѓутоа, и покрај тие предупредувања тој беше дел од составот на Франција, според околностите, се чини дека репрезентативните обврски ги извршил под ризик.

Од Баерн Минхен објавија за првичните медицински тестови кои биле извршени над фудбалерот, а од кои се утврдило дека дошло до повреда и оштетување на лигаментите на зглобот, за што ќе биде потребна рехабилитација од неколку седмици за Французинот.