24фудбал

Ваков гол ретко се гледа, Чемберлејн има кандидат за погодок на сезоната (ВИДЕО)

Алекс Окслејд Чемберлејн два пати стрелаше против Генк во убедливата победа на Ливерпул а неговиот втор гол беше мајсторија која ретко се гледа и сигурно ќе биде кандидат за погодок на сезоната.

Лига на Шампиони

Популарниот Окс полека се враќа во форма по тешката повреда поради која паузираше дури 16 месеци. Вечерва тој два пати стрелаше против Генк во убедливата победа на Ливерпул на гости во Лигата на шампионите.

Неговиот втор гол беше мајсторија која ретко се гледа и сигурно ќе биде кандидат за погодок на сезоната. Англичанецот доби топка на врвот на шеснаесетникот, логички беше тој да пласира со лева, но реши итро да бие со надворешно ефе со десна и резултатот беше прекрасен гол под пречката.