24фудбал

Инсиње зборуваше за проблемите со Анчелоти и кажа на кој му го посвети победничкиот гол против Салцбург

Лоренцо Инсиње вели дека недоразбирањата кои ги имал со тренерот Карло Анчелоти се минато.

Лига на Шампиони

Инсиње синоќа влезе од клупата и го постигна победничкиот гол за Наполи во триумфот од 3-2 на гостувањето кај Салцбург.

„Бев релаксиран, ја прифатив одлуката на тренерот и знаев дека потребен е допринос од секој во овој меч. Покажавме вистински дух и мора да продолжиме така“, вели Инсиње.

Инсиње на изненадување на сите голот го прослави во прегратка со Анчелоти со кого претходно имаше недоразбирања.

„Тоа што се случуваше со Анчелоти е минато. Го почитувам него, тој е одличен тренер и секогаш покажувал верба во мене, дури и кога не играв се чувствував важен дел од тимот. Претходно се однесував погрешно и се извинив за тоа“.

„Голот сакам да му го посветам на Томазо, нашиот човек задолже за опремата, бидејќи имаше еден мал инцидент поради кој не можеше да дојде со нас во Салцбург. Му посакуваме се најдобро“.