24фудбал

Стартуваа преговорите меѓу Наполи и Ибрахимовиќ, на почетокот има разлики меѓу двете страни

Според информациите од Италија, Наполи му ја доставил првата понуда на Ибрахимовиќ, но тој има поинакви барања, но можен е договор.

Италија

Според „Газета дело Спорт“, Златан Ибрахимовиќ сака договор од 18 месеци со вкупна плата од 5 милиони евра за тој период.

Наполи му нуди плата од 1,5 милиони евра до крајот на оваа сезона, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона за дополнителни 3 милиони евра.

Разликата и не е многу голема, се работи само за половина милион и начинот на кој ќе биде потпишан договорот, дали 18 месеци, или 6 + 12.

Голема улога во преговорите може да имаат и бонусите и имиџ правата.

Златан Ибрахимовиќ во декември станува слободен играч, засега најсилно се поврзува со Наполи.