24фудбал

Една буква 150 километри разлика, навивачи на Ливерпул купиле билет за мечот со Генк а отпатувале во Гент (ФОТО)

Медиумите од Белгија пишуваат за лудо патешествие на двајца навивачи на Ливерпул кои купиле билет за мечот со Генк но натпреварот го гледале пред ТВ откако по грешка отпатувале во Гент.

Лига на Шампиони

„Црвените“ синоќа се сретнаа со Генк во третото коло од Лигата на шампионите, и избраниците на Јирген Клоп задоволни се вратија дома откако триумфираа со 1-4 и по две години ја забележаа првата победа на гости во групната фаза.

За двајца навивачи, гостувањето во Белгија сепак било малку непријатно, тие имале лудо патешествие откако отпатувале во Гент, град кој е одалечен 150 клометри од Генк.


Фановите, чие име не се открива, платиле 70 евра за влезница, 150 евра за билет за воз, но на крајот морале да го следат натпреварот пред ТВ откако на половина час пред почетокот увиделе дека се наоѓаат во погрешен град.

Пресметката ја гледале во паб, а мала утеха им е што грешката ги направи славни, и добија покана од Гент да им бидат гости и да го следат нивниот вечерашен дуел во Лига Европа против Волфзбург.