24фудбал

Газда Ањели побара од акционерите 300 милиони евра, Јувентус подготвува нова бомба во името на Мбапе, Нејмар или Погба?!

Првиот човек на Јувентус, Аднреа Ањели на денешното собрание на акциониери побара докапитаилизација вредна 300 милиони евра, медиумите шпекулираат за нова бомба и ангажман на играч како Килијан Мбапе, Нејмар или Пол Погба.

Италија

Андреа Ањели сака да го смести Јувентус на врвот во Европа, па првиот човек на клубот планира да инвестира огромна сума на пари за да ја реализира својата идеа.

Денеска беше одржано собрание на акционерите на кое беше одобрен буџетот за сезоната 2018/19, во која се остварени приходи од 494,4 милиони евра, и загуба од околу 39 милиони евра.

Андреа Ањели ја искористи оваа ситуација за да побара докапитализција од 300 милиони евра за реализација на планот за развој 2019-2024, и на акционерите им порача: „Ова се огромни бројки за италијанска реалност, но наша референтна точка се големите клубови ширум Европа.“

„Визијата на овој нов план е Јувентус да стане глобален бренд кој ќе го препознаваат сите, сакаме идните генерации да не гледаат како модерен, иноватиен и иконски клуб. Мисијата останува иста, мораме да бидеме број еден во Италија и да се најдеме на врвот во Европа. Во исто време треба да растеме финансики, да имаме поголеми приходи. 2020 треба да ја гледаме како нулта година, со желба и одлучност за големи нешта“.

Медиумите шпекулираат дека со оваа докапитализација, Јувентус ќе приреди нова бомба на трансфер паазрот и ќе се обиде да ангажира звучно име. Се шпекулира со Килијан Мбапе, Нејмар и Пол Погба.