24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Пепе и Обамејанг го предводат Арсенал на мечот против Кристал Палас

Над 8,000 натпреварувачи од нашата земја, како и близу 7 милиони на глобално ниво влегуваат во трката по нови бодови на мега популарната „Фантази Премиерлига“, десеттото редовно коло од најсилниот фудбалски шампионат на Островот стартува со вечерашниот дуел помеѓу Саутемптон и Лестер (21,00).

Останато

Минатото коло беше исклучително тешко, меѓутоа за среќа повторно го надминавме просекот на бодови, освоивме 51 бод во коло каде просекот беше 37. Во нашата анализа ги понудивме Маркос Алонсо (14), кој воедно е играч на деветтото коло, како и Давид Силва (11), односно Јури Тиелеманс (9).

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Од статистиката што можеме да ја проследиме на сајтот на „Фантази Премиерлига“, можеме да утврдиме дека натпреварувачите полека но сигурно ја враќаат довербата во тимот на Манчестер Сити, и покрај честите ротации кои ги прави Пеп Гвардиола.

Прв фудбалер кој е најтрансфериран во составите е Де Брујне, веднаш по него е Варди од Лестер, па следи Давид Силва кој игра во фантастична форма, во листата од топ петте купени фудбалери се најде и напаѓачот на Челси, Абрахам, како и дефанзивецот на Шефилд Јунајтед, Ландстрам.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Полека, но сигурно натпреварувачите ја губат довербата кај Пуки од Норич, откако напаѓачот извесен период не ги носи посакуваните бодови кои се очекуваат од него по одличниот старт, дуото од Тотнем, Сон и Кејн исто така се најдоа на оваа листа, на која се најдоа и Марез од Манчестер Сити, односно  Салах од Ливерпул.


Доколку ги погледнете натпреварите за десеттото коло, веројатно ќе дојдете до заклучок дека ќе биде мошне тешка мисија да дојдете до „клин-шит“ од страна на голманот, мала предност би му дале на Едерсон Мораеш (6.1) од Манчестер Сити, англискиот првак на домашен терен игра против мошне незгодниот состав на Астон Вила, но останува дилемата како гостите ќе се постават на пресметката на „Итихад“, дали ќе тактизираат или ќе тргнат офанзивно.

Со оглед на фактот што двата експлозивно бекови на Ливерпул, Ендру Робертсон и Трент-Александер Арнолд се неизвесни за дербито со Тотнем во недела, наша препорака е да ги изоставиме за викендов, иако за Робертсон се вели дека е во добра состојба, а минимални се шансите Јирген Клоп да почне со Арнолд, иако во средината на оваа седмица наведе дека се надева ќе се рехабилитира во најбрз можен рок.

Во дефанзивната линија ќе им дадеме предност на Рикардо Переира (6.2) од Лестер, Маркос Алонсо (6.2) од Челси, како и Диего Рико (4.2) од Борнмут.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

По феноменалната партија минатото коло, очекувањата се Алонсо да го задржи првотимскиот статус и покрај враќањето на Емерсон, па нема да зачуди доколку Лампард се реши да го игра Шпанецот нешто понапред, со што би отворил можност за нова асистенција и гол од страна на Алонсо.

Со оглед на тоа што треба да се редуцира буџетот, па некогаш треба да се селектира и „ефтиното“ а квалитетно истовремено, Рико е доста интересна опција во одбраната, а Шпанецот освен што игра во одлична форма, воедно има и повеќе од скромна цена на пазарот, ќе напоменеме дека минатото коло освои одлични 8 бода, а освен што беше опција за клупата, полека но сигурно станува и опција за во почетниот состав. Борнмут инаку викендов гостува кај последно пласираната екипа  Ватфорд.

Триото во дефанзивната линија го заокружуваме со Переира кој со Лестер гостува кај Саутемптон, а Португалецот засега нема некој посебен учинок од натпреварите на „Лисиците“ на гостински терен, веројатно ова е убав момент за такво нешто.

Со оглед на лудите ротации на Гвардиола во Манчестер Сити, како и одличните опции во другите екипи, ќе избегнеме да селектираме некој од избраниците на Гвардиола, и покрај тоа што англискиот првак на домашен терен го пречекува тимот на Астон Вила, останува на вас да размислите за Рахем Стерлинг, кој имаше феноменална партија во Лигата на шампионите, каде постигна хет-трик, а реализираше и една асистенција. Нема да биде изненадување доколку првата ѕвезда на „Граѓаните“ биде одморен викендов, нешто што веќе беше видено од страна на Гвардиола, кој во убедливата победа од 8-0 над Ватфорд не му даде прилика на Стерлинг ниту една минута на теренот.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Верувале или не, Хадсон-Одои (6.0) има низа од три асистенции во последните три меча за Челси, Барнли е добра можност за нови бодови на контото на офанзивецот на Челси, па во однос на средниот ред стартуваме токму со него, иако за многумина фаворит е Мејсон Маунт, неговиот соиграч.

Нема да погрешиме ако констатираме дека Мохамед Салах често знае да биде индиспониран на дерби средбите, практично тоа го прави речиси секогаш, па така предност ќе му дадеме на неговиот соиграч Садио Мане (11.8) кој игра во одлична форма, а Тотнем, кој очајно посакува да се врати во својата препознатлива форма, сигурно нема да се брани на „Енфилд“, што отвора можност за офанзивна игра на обете страни.

Очекувањата од Пепе (9.3) за ова коло се зголемија по неговата феноменална партија во Лига Европа каде со два погодоци од слободен удар донесе победа за Арсенал против Гимараеш со пресврт во завршницата од мечот во Лондон, а градското дерби со Кристал Палас сигурно ќе понуди интересен фудбал на теренот.

Четворката во средниот ред ја заокружуваме со Ентони Марсијал (7.5) кој се врати на дербито со Ливерпул, а постигна гол од пенал во Белград во минималната победа на Манчестер јунајтед против Партизан во Лига Европа. Веќе сме напоменале во претходните анализи за Французинот, дополнителна мотивација да го селектирате е фактот што тој на играта се води како фудбалер од средниот ред, меѓутоа настапува како напаѓач, што носи повеќе бодови на контото. „Црвените ѓаволи“ во недела гостуваат кај Норич, а речиси сигурно е дека Французинот ќе почне од првата минута.

Анализата ја заокружуваме со селектирање на триото во нападот, тука нема да имаме никакви дилеми бидејќи ќе го одбереме најдоброто, и тоа Тами Абрахам (7.3) од Челси, Џејми Варди (9.1) од Лестер, односно Пјер-Емерик Обамејанг (11.1) од Арсенал.


КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

 

Предлог состав: ЕДЕРСОН (6.1); ПЕРЕИРА (6.2), РИКО (4.2), АЛОНСО (6.2); ХАДСОН-ОДОИ (6), МАНЕ (11.8), ПЕПЕ (9.3), МАРСИЈАЛ (7.5); ОБАМЕЈАНГ (11.1), АБРАХАМ (7.3), ВАРДИ (9.1).

Капитен: ОБАМЕЈАНГ

Заменик-капитен: ПЕПЕ


Ќе направиме и краток осврт на тоа што се случува во лигата на „Македонија“ глобално, како и онаа на „24фудбал“.

Благој Димовски со 549 бода е лидер во Македонија, а неговите ривали не заостануваат многу зад него, имате можност да го проследите и неговиот состав.


Борис Симовски со 543 бода засега е лидер пак во лигата на „24фудбал“, второпласираниот Стефан Саздовски заостанува само бод, а несомнено ќе биде интересна трката и во оваа лига претстојново коло, воедно имате можност да го проследите и составот на лидерот во лигата на „24фудбал“.


Среќно на сите натпреварувачи во десеттото коло, и не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe