24фудбал

Во Германија: Кореец му „кумуваше“ на еден од најбизарните пенали досега (ВИДЕО)

Дури ни гостинските фудбалери не забележаа дека Кореецот направи невидена глупост, меѓутоа главниот арбитар на теренот веднаш имаше консултација со ВАР собата.

Германија

Холштејн Кил славеше на домашен терен против Бохум со 2-1, меѓутоа домаќините поради една глупост можеа на големо да жалат, откако при минимално водство, нивен играч кој се загреваше зад голот му „кумуваше“ на еден од најбизарните пенали досега.

Во 38. минута, Сео Јонг-Јае при еден обид на гостите ја врати топката на теренот, но проблемот настана во тоа што истата претходно се уште не беше излезена од теренот.

Главниот арбитар се консултираше со ВАР технологијата, а потоа се утврди дека станува збор за пенал кој во гол подоцна го претвори Ганвула за 1-1, а овој пенал е веројатно еден од најбизарните досега...