24фудбал

Меси: Не би заменил ништо од тоа што го освоив за да бидам светски првак

Фрустрациите околу неуспесите на Меси на репрезентативен план се големи во Аргентина, од него се очекуваше многу повеќе, меѓутоа разочарувањето остана и кај него.

Останато

Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси вели дека не би заменил ништо од тоа што го освоил на клупски план за да стане светски шампион со Аргентина.

Меси се уште нема освоено трофеј со „Гаучосите“, а беше поразен дури четири пати во финалните пресметки од завршницата на турнирите.

Би сакал да бидам светски шампион, меѓутоа не би заменил ништо од тоа што го освоив во мојата кариера за да станам тоа“ изјави Меси.

Тоа е тоа што ми беше дадено, тоа што бог ми го даде, така е како што е, не би можел ниту да сонувам за сето тоа што го искусив, сево ова беше многу повеќе од тоа што би можел дури и да замислам дека ќе го остварам“ заклучи Аргентинецот.