24фудбал

Аврамовски го предводеше Вардар до победа во градското дерби со Работнички

Лидерот во најсилниот фудбалски шампионат во нашата земја оствари победа против својот градски ривал во дербито на 12 коло, тимот од Дебар Маало во проблеми.

Македонија

Вардар славеше победа од 0-2 како гостин во градското дерби против Работнички, на мечот кој се одигра на арената „Тодор Проески“ обата погодоци беа постигнати во вториот дел, откако во првиот мрежите мируваа на обете страни.

Даниел Аврамовски имаше одлична партија за „Црвено-црните“, а истиот играч ги постигна обата гола за победникот, тој најпрво во 76. минута го отвори мечот на резултатски план, за веќе во самата завршница да ги постави и конечните 0-2 од оваа пресметка.

Со овие три бода Вардар (27) е лидер во шампионатот со три бода повеќе од Академија Пандев која утре гостува кај Борец, што се однесува пак до Работнички, екипата од Дебар Маало е во проблеми откако осамна на последната 10.та позиција на табелата со десет освоени бода досега.


Фото-вест: fkvardar.mk (архива)