24фудбал

Пандев даде гол, Мота дебитираше со победа на клупата на Џенова! (ВИДЕО)

Горан Пандев постигна прекрасен погодок во првиот меч под водство на неговиот поранешен соиграч Тиаго Мота, Џенова со пресврт во второто полувреме славеше над Бреша со 3-1.

Италија

Мота имаше победничко деби на клупата на Џенова, а Горан Пандев го постигна првиот гол во Серија А оваа сезона.

Работите не изгледаа добро за Џенова во првото полувреме во кое со фантастичен погодок на Тонели Бреша поведе со 1-0.

Но од почетокот на второто полувреме до 65. минута Мота внесе тројца фудбалери кои ја направија разликата постигнувајќи ги трите погодоци, еден од нив беше Пандев.

Најпрво во 66. минута Агудело го изедначи резултатот на 1-1, а десет минути подоцна Куаме со ножички постигна прекрасен гол за комплетен пресврт и водство на Џенова од 2-1.

Течеше 79. минута кога Горан Пандев со убав шут постигна гол за конечни 3-1.

Ова беа многу важни три бода за Џенова која ја помина Бреша на табелата и излезе од зоната за испаѓање.

Голот на Пандев:

Останатите три гола на мечот: