24фудбал

И Академија Пандев се сопна во Велес, Борец дома слави нова победа

Борец одново ја израдува домашната публика, попладнево со минимални 1-0 славеше во пресметката со Академија Пандев.

Македонија

И Академија Пандев се сопна во Велес, Борец попладнево славеше со 1-0 и стигна до 14 бода, сите освоени пред домашните фанови. 

Клучниот момент на мечот се случи во 80. минута кога Прелчец биеше откосо и ја затресе мрежата на гостите за 1-0. Академија Пандев со поразот му ја препушти лидерската позиција на Вардар, кој е осамен на врвот по крајот на 12. коло во ПМФЛ со 27 бода.

Шкендија не успеа да сврзе две победи откако денеска одигра 0-0 на гостувањето кај Македонија ЃП. Највозбудлово попладнево беше на дуелот помеѓу Ренова и Шкупи, меч во кој домаќините два пати водеа, но гостите два пати се враќаа и во 90. минута се изборија за 2-2 и бод. 

На последниот денешен натпревар, Силекс со 1-0 ја доби пресметката со Струга Трим Лум.

ФОТО: ФК Борец