24фудбал

Меси: Роналдо е најдобриот напаѓач на сите времиња

Аргентинската фудбалска ѕвезда смета дека поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид е најдобриот напаѓач на сите времиња, според него тој бил феномен во фудбалот.

Останато

Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси во интервју за „ТиЦ Спортс“ говореше за неговото мислење околу ВАР технологијата, партнерите во нападот и други теми, меѓу другото, тој нема дилеми по едно прашање – за тоа кој е најдобриот напаѓач на сите времиња.

Ми се допаѓа ВАР технологијата доколку се користи на начин на кој треба да се користи, тоа што не ми се допаѓа е фактот што беше воведена за да се расчистат сите сомневања во натпреварите, меѓутоа тоа се уште не го прави“ рече Меси кој потоа се надоврза на своите партнери во нападот на Каталонците.

Роналдињо ми помогна премногу, влегов во соблекувалната на таа екипа со 16-17 години, ги видов тие фудбалски гиганти, тој ме спомена мене, тоа ме направи комфорен, не бевме заедно повеќе години за да уживаме заедно во играта, би сакал да имав повеќе период заедно со него“ рече Меси.

Аргентинецот нема никакви дилеми по едно прашање, за тоа кој е најдобриот напаѓач на сите времиња, според неговиот избор, тоа е Роналдо, или како што многумина велат, „вистинскиот Роналдо“.

Роналдо беше феномен, од сите напаѓачи кои сум ги видел досега, тој е најдобриот, тој беше неверојатен...“ посочи Аргентинецот.