24фудбал

Икарди повторно со изјава која нема да им се допадне на фановите на Интер

Мауро Икарди влезе во голгетерска форма и почна да го испорачува она за што е донесен во ПСЖ.

Франција

Поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди прикажува одлични партии за ПСЖ, синоќа постигна два гола во победата над Марсеј од 4-0, исто толку реализираше и во последниот меч од Лигата на шампионите. Со формата го истисна Кавани од стартниот состав.

Тој по натпреварот изјави дека ПСЖ е најдобриот тим во кој некогаш играл.

„Среќен сум со моите голови и победата. Сум играл со големи шампиони, но ПСЖ е најдобриот тим во кој некогаш сум играл. Се чувствувам добро и можам да постигнувам голови“, изјави Икарди.