24фудбал

Мбапе има нов стил на прослава на погодоците (ВИДЕО)

Младиот француски напаѓач досега имаше препознатлива прослава на своите погодоци, но, на дербито против Олимпик Марсеј имаше нов начин на прослава, доста интересен од негова страна.

Франција

Актуелниот првак на Франција, ПСЖ продолжи со одличните партии во „Лиг 1“, а синоќа на дербито во Париз во последниот меч од 11 коло „настрада“ Олимпик Марсеј кој беше поразен со 4-0 од лидерот во тамошниот шампионат.

По два гола во победата на домаќините постигнаа Мбапе и Икарди, а Мбапе имаше интересна прослава на своите погодоци, гестикулирајќи како плаче...