24фудбал

„Зошто не можеме како Ливерпул? Не може да возите со 200, кога автомобилот може до 100 километри на час“

Хрватскиот фудбалски стратег мудро им одговори на новинарите по скромното издание на неговиот тим против екипа која мака мачи како до бодови во Бундеслигата оваа сезона.

Германија

За Баерн Минхен често велат дека е „Ролс Ројс“ во германскиот фудбал, меѓутоа шефот на стручниот штаб на германскиот првак, Нико Ковач мораше да одговори за тоа зошто „Баварците“ тешко се соочуваат околу желбата да играат во полн интензитет константно како останатите гиганти.

„Баварците“ изминатиов викенд се намачија да стигнат до трите бода во дуелот на домашен терен против „разнишаниот“ состав на Унион Берлин, но, на крајот славеа со 2-1, а по девет одиграни кола тимот на Ковач заостанува еден бод зад лидерот во Бундеслигата, Борусија Менхенгладбах.

Запрашан веднаш по мечот зошто неговиот состав не може со ист интензитет во нивните перформанси како тимот на Јирген Клоп, Ливерпул, Ковач беше дециден.

Потребни ви се вистински фудбалери за тоа“ објасни Ковач на пресконференцијата по тешката победа над Унион Берлин.

Не можете да возите со брзина од 200 километри на час по автопат со автомобил кој максимум може да дојде до брзина од 100 километри на час“ додаде хрватскиот фудбалски стратег кој и покрај добрите резултати на тимот е постојано под притисок на таа позиција.

Баерн Минхен има пет победи, три ремија и еден пораз досега во новата сезона од Бундеслигата, што се однесува пак до Лигата на шампионите, таму во својата група имаат максимален учинок од три победи досега, од кои едната е за паметење, онаа кај Тотнем со 2-7.