24фудбал

Доволни беа само два месеци за да ги убеди, лидерите на ПСЖ решиле да го купат Икарди

Од Италија пристигнува вест дека раководството на ПСЖ е задоволно од она што го видело па по само два месеци донеле одлука да го направат перманентен престојот на Муаро Икарди во Париз.

Франција

Аргентинецот во последните денови од летниот преоден рок пристигна на Паркот на Принцовите. Зделеката е позајмица до крајот на сезоната, а се верува дека ПСЖ поседува и опција да го купи напаѓачот за околу 70 милиони евра.

По кусиот период на прилагодување на новата средина, Мауро Икарди почна редовно да ги тресе противничките мрежи и веќе има седум гола на седум меча.

Тутомеркатовеб вели дека радковоството на „светците“ е задоволено од она што го виделе, па по само два месеци донеле одлука да го направат перманентен престојот на голгетерот во Париз.

Тие во декември и јануари ќе се обидат да ги испеглаат сите детали со Интер, и да се осигураат дека друг клуб нема да им го украде Мауро Икарди.