24фудбал

Руни побара повисоки плати во МЛС

Искусниот англиски фудбалер побара повисоки плати, а воедно ја отвори темата околу отворен трансфер пазар во МЛС, на своето заминување од Соединетите Американски Држави јавно се одзва за темата која веројатно е кочничар за целосен развој на тамошниот фудбалски шампионат.

Останато

Вејн Руни јавно се одзва на темата која од поодамна е дискутабилна во американскиот фудбалски шампионат, односно МЛС, Англичанецот побара повисоки плати и воведување на европски стил во функционирањето на тамошниот трансфер пазар.

Поранешниот долгогодишен член на Манчестер јунајтед и капитен на Англија веќе ги заврши своите клупски обврски кон Д.Ц. Јунајтед, а 34 годишниот фудбалер потпиша договор со Чемпионшиплигашот Дерби како играч-тренер, а тамошните обврски ќе почне да ги извршува од јануари.

Платата на многу фудбалери тука е доста проблематична, мислам дека, за развојот на лигата кој постојано расте, потребно е платите да се зголемат, во моментов тоа не е на задоволително ниво, особено тоа важи за младите американски фудбалери“ рече Руни во интервјуто за „Д Атлетик“.

Имам чувство како тие да преговараат против другите американски фудбалери, тие не преговараат против тоа што странските фудбалери го прават тука, не мислам дека тоа е правилно за нив“ додаде Англичанецот.

Тие заслужуваат повеќе работат исто како и нас, тренираат исто колку и ние што го правиме тоа, понекогаш чувствувам како тие понекогаш самите да си ја уништуваат предноста“ вели Руни.

Англичанецот истовремено додава дека доволно го воочил функционирањето на трансфер пазарот во МЛС, каде екипите  можат да трејдуваат фудбалери со мало предупредување или со оглед на селекцијата на драфтот, што според него е некоректно кон индивидуалците.

Сметам дека на фудбалерите би требало да им се дозволи преселба од еден во друг клуб на многу послободен начин, нешто налик како во Европа, каде доколку еден клуб сака да ангажира фудбалер, треба да издвои одредени средства за тоа, а воедно да се понудат и подобри финансиски услови во договорот на самиот фудбалер“ издвои тој.

Чувствувам како тука фудбалерите мошне лесно да се преселуваат, тие можат да имаат семејство, да дојдат во својот дом по тренингот еден ден и да им биде кажано дека ќе се преселат на Запад, или на Исток. За едно семејство тоа е навистина комплицирано да се замине на таков начин без никакво предупредување“ заклучи Руни.