24фудбал

Ниту асистенциите, ниту погодоците, сите зборуваат за начинот на кој Меси му ја протна топката низ нозе на Плано (ВИДЕО)

Лео Меси беше играчот на вечерта во убедливата победа на Барселона од 5-1 против Ваљадолид, Аргентинецот забележа два асистенции и два погодока, но социјалните мрежи ги запали со еден вонсериски потег и начинот на кој му ја прототна топката низ нозе на Оскар Плано.

Шпанија

Капитенот на Барса вечерва беше во елемент, испрати топка со очи за Видал, го постигнат голот број 50 од слободен удар, потоа имаше ново мајсторско додавање за Суарез и прекрасна контрола и прецизен финиш за втор гол.

Но социјалните мрежи горат по еден потег на Лео Меси во првиот дел, кога Аргентинецот му ја протна топката низ нозе на Оскар Плано. За тоа дека ова е вонсериски потег говори и изразот на лицето и гестот кој го направи фудбалерот на Ваљадолид.