24фудбал

Њуелс го пречека Марадона како Бог, му дадоа да седи на кралски стол, а тој ги победи со 4-0 (ВИДЕО)

Диего Марадона беше пречекан како Бог од својот поранешен клуб, Њуелс Бојс кој му приреди досега невидено добредојде за еден гостински тренер.

Јужна Америка

Марадона како тренер на Гимназија Ла Плата синоќа гостуваше кај Њуелс Олд Бојс, неговиот тим направи големо изненадување победувајќи со убедливи 4-0.

Пред почетокот на мечот Марадона доби кралски почести од домашниот тим. Фановите и раководството на клубот направија да се чувствува како вистински крал.

Дури му донесоа и кралски стол на кој Марадона најпрво стави автограм, а потоа седеше на него наместо на клупата.