24фудбал

Шкендија преку Вардар до четвртфиналето од Купот на Македонија

Шкендија го победи Вардар со 1-0 и со вкупни 3-2 го исфрли од Купот на Македонија, Агим Ибраими го постигна единствениот гол во Тетово.

Лига на Шампиони

Шкендија преку Вардар стигна до четвртфиналето од Купот на Македонија. Тетовскиот тим со 2-2 го почна денешниот натпревар, а пласманот понатаму го завери Агим Ибраими со гол во 73. минута од натпреварот.

Вардар добро се бранеше, одолеваше на нападите на домаќинот, но во финишот од мечот мораше да нападне бидејќи не му одговараше ниту реми без погодоци, тоа го искористија домаќините и дојдоа до победата.

Работнички убедливо со 4-0 го победи Пелистер, првиот меч заврши без победник 1-1. Можеби овој триумф ќе влијае на самодовербата на Романтичарите и за мечевите во Првата македонска лига каде што се последни на табелата.

Силекс е елиминиран од купот иако не загуби против Шкупи. Денешниот меч во Кратово заврши 1-1, а во првиот немаше голови. Гостите поради погодок во гости одат понатаму.

Македонија Ѓорче Петров е елиминирана од второлигаш, Брегалница ја задржа предноста од 1-0 по првиот натпревар, денешниот меч заврши 0-0.

Бранителот на трофејот Академија Пандев уште еднаш славеше убедлива победа против Осогово, овој пат победи со 4-1 во Кочани.

Струга Трим Лум со 1-0 денеска го победи Борец, тоа беше и конечниот резултат во осминафиналната битка меѓу овие клубови.

Најефикасно беше во Охрид каде Лабуништа го совлада Охрид Лихидос со 3-2 и во вкупни 5-2 оди понатаму.

Треба да се одигра уште мечот меѓу Ренова и Тиквеш кој е закажан за утре, прволигашот води со 2-0.


Резултати од реванш осминафиналните дуели:


Осогово – Академија Пандев* 1:4 (0:3)

Силекс – Шкупи* 1:1 (0:0)

Македонија ЃП – Брегалница* 0:0 (0:1)

Работнички* – Пелистер 4:0 (1:1)

Охрид Лихнидос – Лабуништа* 2:3 (0:2)

Шкендија* – Вардар 1:0 (2:2)

Струга Трим Лум* – Борец 1:0 (0:0)

Утре

Ренова - Тиквеш (2:0)


Во заграда се резултатите од првите натпревари, со ѕвездичка се екипите кои одат понатаму.


Фото: ФК Шкендија