24фудбал

Габигол покриен со лист хартија на постер во собата на Нејмар, сестрата на бразилската ѕвезда е причината за тоа? (ВИДЕО)

Габигол веднаш возврати на „провокацијата“ на неговиот соиграч од селекцијата на „Кариоките“, и тоа заедно со првата ѕвезда на ПСЖ кој подоцна се поправи и го врати постерот во првичниот лик.

Останато

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар на социјалните мрежи објави видео од својот дом, а на истото јасно се гледа како Габигол е покриен со лист хартија на постерот во неговата соба, станува збор за фотографија од Олимписките игри во Рио во 2016. година, каде Нејмар прославува заедно со Габигол и Габриел Жесус.

Сепак, по тоа видео од страна на Нејмар, Габигол веднаш реагираше, па така веднаш објави и тој видео, но со сестрата на Нејмар, со која поранешниот фудбалер на Интер наводно е во врска неколку месеци.

Се чини дека Нејмар работите ги сфатил многу сериозно околу врската помеѓу Габигол и Рафаела Сантош, меѓутоа не е исклучено да станува збор за шега од страна на фудбалерот на ПСЖ.

Кога сме веќе на оваа тема, вреди да се издвои и дека одредени медиуми пред извесен период пренесоа дека Рафаела е бремена и чека дете, меѓутоа таа вест брзо беше демантирана.