24фудбал

Васоски: Ова ли е европска Шкендија, ова е срам за македонскиот фудбал

Вардар доживеа елиминација од Купот на Македонија откако загуби на гостувањето кај Шкендија со 1-0, натпреварот изобилуваше со скандали.

Македонија

Жешко беше дербито во Тетово кое Шкендија го доби со 1-0. Во финишот од мечот за малку ќе се случеше и голем инцидент кога Гачевски почна да го брка детето кое собира топки поради постојано провоцирање.

Вардар има многу замерки за организацијата на натпреварот, а тренерот Васоски револтиран од случувањата без влакно на јазокот го кажа своето мислење.

„Ова ли е eвропска Шкендија? Ова е срам за македонскиот фудбал, на пет опасни ситуации кога одиме во напад се слуша свирче од трибините, нашите застануваат мислејќи дека е офсајд. Гачевски торпедиран со камења, второто полувреме се играше со една топка цел натпревар. Го враќате фудбалот назад со децении. Секогаш во Скопје сте дочекани коректно, влакно од глава не ви фали. Срамно и жално“, изјави Васоски.