24фудбал

Атрактивен гол на Барди против Реал Сосиедад (ВИДЕО)

Македонецот по подолг период повторно се најде во стартната постава на тимот од Валенсија кој тргна добро на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Македонија

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се врати во почетните 11 на Леванте, а тоа го одбележа на одличен начин постигнувајќи атрактивен погодок во гостувањето кај Реал Сосиедад.

Барди во 24. минута погоди при една одлично одработена акција на тимот од Валенсија која во гол на уште подобар начин ја „зачини“ Македонецот кој реагираше во манир на расен голгетер во оваа ситуација...


Ова е првиот гол за Барди во новата сезона од Примера каде забележа само пет настапи во 10-те одиграни кола, не сметајќи го вечерашниот настап во 11-тото коло од најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија.