24фудбал

Неверојатна ситуација: Ивановиќ ја објаснуваше тактиката на Зенит, но, тоа одеше во живо на видео бимот (ВИДЕО)

Српскиот ветеран низ гестикулации покажа дека има одредени тренерски вештини во себе, а тоа мина забележано од поширокиот аудиториум кој забележа една доста интересна ситуација.

Останато

Екипата на Зенит со убедлива победа од 4-0 ја потврди фаворитската улога во дуелот против Томск на домашен терен во рамките на рускиот Куп, а една доста интересна ситуација имаше на мечот кој се одигра во Санкт Петербург.

Српскиот ветеран Бранислав Ивановиќ кој мечот го проследи од клупата за резервни фудбалери во домашниот состав, имаше интересна комуникација со неговиот соиграч Жирков, кому му ја објасни тактиката на Зенит со одредени гестикулации.

Тоа што е интересно од оваа ситуација е фактот што целото „објаснување“ на Ивановиќ во стил на еден тренер беше регистрирано на видео бимот од стадионот, па истото беше проследено од сите гледачи.

Во еден момент Аргентинецот Дриуси со насмевка на своето лице го прекина Србинот и му покажа кон видео бимот, по што Ивановиќ прекина со гестикулациите, инаку ова видео го објави и Зенит со коментар: „Кога ќе сфатите дека вие на цел стадион сте му ја пренеле тактиката од вашиот тим...“.