24фудбал

Џака објасни зошто им е лут на фановите: Велеа дека ќе ми ја убијат сопругата, ќерка ми да фати рак, се закануваа дека...

Гранит Џака конечно се огласи по инцидентот кој го направи на Емирати кога влезе во конфротација со навивачите, Швајцарецот вели дека повеќе не можел да ги издржи навредите.

Англија

Капитенот на „топчиите“ во неделата доби свирежи кога беше повлечен од игра, па тој им порача на навивачите да „од**бат“, го соблече дресот  и нервозно се упати во соблекувалната.

Откако неколку дена молчеше, Гранит Џака вечерва се огласи со писмо во кое објасни зошто им е лут на фановите.

„Откако имав време добро да размислам за она што се случи во неделата, би сакал да ви дадам објаснување наместо брз одговор. Сцените кои се случија кога бев заменет, ме погодија многу. Го сакам овој клуб и секогаш ќе давам 100% на теренот и надвор од него. Тоа што не бев разбран од фановите, и навредите и коментарите на натпреварите и социјалните мрежи во последните недели и месеци ме болат многу. Луѓе ми велеа работи како „Ќе ти ги скршиме нозете“, „Ќе ти ја убиеме сопругата“ и „Посакуваме ќерка ти да фати рака“. Бев потресен од сето ова, и ситуацијата кулминираше кога почувствував одбивност на стадионот во неделата“ – се вели во писмото на фудбалерот од средниот ред објавено на социјалните мрежи.

„Поради сето ова, дозволив да ме понесат емоциите и да реагирам на начин на кој покажав непочитување кон групата фанови кои го поддржуваат клубот, тимот и мене, и испраѓаат позитивна енергија. Немав таква намера и сакам да се извинам“.

„Моја желба е да се вратиме во ситуација каде ќе има взаемна почит, да се потсетиме зошто сите сме се заљубиле во оваа игра. Да продолжиме понатаму заедно, позитивно“.