24фудбал

Тевез се потсети на денот кога дошол на тренинг во 6 наутро за да биде прв, но... Роналдо веќе бил таму!

Кристијано Роналдо е максимално посветен на својата физичка подготвеност, внимава на исхраната а одвојува и огромно време за вежбање во теретана, Карлос Тевез има добра анегдота поврзана со ЦР7.

Останато

Карлос Тевез и Кристијано Роналдо неколку години ја делеа соблекувалната во Манчестер јунајтед. Аргентинецот сега се потсети на денот кога дошол на тренинг во 6 часот наутро за да биде прв, но Португалецот веќе бил таму и вежбал.

„Роналдо цел ден поминуваше во теретана, тоа му беше опсесија. Се сеќавам дека требаше да се појавиме на тренинг во 9, јас дојдов во 8 часот, а тој веќе беше таму. Па решив да пристигнам во 7 и 30, и тој повторно беше таму. Еден ден си реков дека морам да бидам прв, пристигнав во тренинг центарот во 6 наутро, но тој веќе беше таму. Беше полу заспан, но беше таму“ – вели популарниот „Апаче“.