24фудбал

Работнички со бод се враќа од Струмица, реми против Академија Пандев

Во воведниот натпревар од 13. коло во ПМФЛ, Академија Пандев и Работнички одиграа нерешено 1-1.

Македонија

Академија Пандев беше фаворит во дуелот со Работнички, но скопскиот тим успеа да остане непоразен во Струмица.

Академија Пандев поведе во 29. минута со гол на Кристијан Стојковски по асистенција од Маневски.

Водството на домаќинот траеше до 72. минута кога Шаркоски дојде до една одбиена топка и ја смести во топката од мрежата на Академија Пандев.

Утре се играат останатите четири натпревари од колото: Вардар - Ренова, Шкендија - Борец, Шкупи - Струга ТЛ и Македонија ЃП - Силекс.

Фото: ФК Работнички