24фудбал

Баерн Минхен доживеа дебакл во Франкфурт, прими пет гола од Ајнтрахт (ВИДЕО)

Баерн Минхен доживеа тежок пораз во Бундеслитата откако беше совладан од Ајнтрахт Франкфурт со 5-1, уште посензационален беше резултатот меѓу Лајпциг и Мајнц, домаќините победија со 8-0.

Германија

Баерн Минхен не може да се препознае, на гостувањето кај Ајнтрахт прими дури пет голови.

Боатен уште во деветата минута доби црвен картон, тоа можеби беше и клучниот момент на мечот.

Набрзина Ајнтрахт со голови на Костич и Соу поведе со 2-0, а пред крајот на првото полувреме Левандовски намали на 2-1.

Во вториот дел погодија и Абрахам, Хинтерегер и Пасиенсија за конечна победа од 5-1.

Сензационален резултат на мечот меѓу Лајпциг и Мајнц, домаќините победија со неверојатни 8-0.

Борусија Дортмунд со 3-0 го доби дуелот со Волфсбург.