24фудбал

Нов гол на Пандев, му тргна под водство на Мота (ВИДЕО)

Со гол на Горан Пандев, Џенова води против Удинезе со 1-0, втор гол за македонскиот фудбалер под водство на Тиаго Мота.

Италија

Горан Пандев како да се препороди откако на кормилото на Џенова дојде неговиот соиграч од Интер, Тиаго Мота.

Денеска Пандев даде нов гол, по едно убаво проигрување на мал простор со Куаме, нашиот фудбалер ја затресе мрежата на Удинезе за водство на Џенова од 1-0.