24фудбал

Вардар ја победи Ренова и се зацврсти на врвот

Вардар со 2-0 ја победи Ренова и се одлепи на врвот на табелата на пет бода пред Академија Пандев која ремизираше вчера, Шкендија славеше убедлива победа над Борец од 4-0.

Македонија

Вардар го искористи ремито на Академија Пандев да се одлепи на врвот на табелата, лидерот денеска со 2-0 славеше над Ренова.

Даниел Аврамовски уште еднаш потврди дека игра во голема форма, офанзивниот играч на Вардар го отвори резултатот со погодок во 20. минута.

Вардар имаше неколку убави шанси пред време да го реши прашањето за победникот, но тоа се случи дури во 89. минута кога Попзлатанов од близина даде гол за конечни 2-0.

Шкендија со убедливи 4-0 го победи Борец и се искачи на третото место на табелата. Хет-трик реализираше Алими, еден гол беше дело на Бесарт Ибраими.

Силекс со гол на Благојевиќ во 30. минута ја победи Македонија во Ѓорче Петров.

Немаше голови на мечот меѓу Шкупи и Струга Трим Лум.

Вчера Академија Пандев и Работнички одиграа нерешено 1-1.


Табела:

1. Вардар 30

2. Академија Пандев 25

3. Шкендија 18

4. Шкупи 18

5. Силекс 18

6. Македонија ЃП 17

7. Струга ТЛ 15

8. Ренова 14

9. Борец 14

10. Работнички 11


Фото: ФК Вардар