24фудбал

Хорор на Гудисон Парк, Андре Гомеш заработи страшна повреда, Сон плачеше, сите се држеа за глава! (ВИДЕО)

Резултатот од мечот меѓу Евертон и Тотнем е во сенка на страшната повреда на Андре Гомеш кој го скрши зглобот.

Англија

Непријатни сцени на Гудисон Парк, Андре Гомеш заработи скршеница на зглобот и на носилки беше изнесен од теренот.


Сон стартуваше од зад грб врз Андре Гомеш и поради тоа добри црвен картон, но повторените сники покажаа дека фудбалерот на Евертон не е повреден директно од стартот на Кореецот, туку од лошиот пад.


Сон кога виде како изгледа повредата на Андре Гомеш почна да плаче, па дури и играчите на Евертон го тешеа.

Мечот меѓу Евертон и Тотнем заврши 1-1. Гостите водеа со 1-0 со погодок на Деле Али, изедначи Тосун во судиското продолжение.