24фудбал

Реал Мадрид подготвува богата понуда за Стерлинг, го нуди Бејл плус голема сума

„Скај спортс“ тврди дека Реал Мадрид ќе го тестира Манчестер Сити со богата понуда за Рахим Стерлинг.

Шпанија

Според англискиот медиуми, претставници на Реал Мадрид ќе ги следат мечевите на Стерлинг за англиската репрезентација против Црна Гора и Косово пред да ги одлучат точните детали за понудата.

Рахим Стерлинг се проценува на околу 150 милиони фунти, а Реал Мадрид ќе се обиде да дојде до оваа сума нудејќи го и Герет Бејл како дел од трансферот.

Се верува дека понудата на Реал Мадрид ќе биде 70 милиони фунти плус Герет Бејл, но таа ќе биде финализирана по репрезентативната пауза.

Последниот збор се верува дека ќе го има Пеп Гвардиола кој треба да даде зелено светло за реализација на една ваква зделка, во спротивно може да го наруши односот со раководството на Манчестер Сити.