24фудбал

Сон ментално не е подготвен за гостувањето во Белград

На Тотнем очајно му е потребна победа во Белград за да го откаже српскиот првак во намерите да направи чудо во групата „Б“ каде неприкосновен, а воедно и лидер во таа конкуренција е Баерн Минхен, меѓутоа Покетино се соочува со голем проблем.

Лига на Шампиони

Во Тотнем постои загриженост околу состојбата на еден од нивните најдобри поединци во тимот, Сон, и тоа по прашањето на менталната состојба на фудбалерот во пресрет на гостувањето во Белград кај Црвена звезда во Лигата на шампионите.

По ремито кај Евертон на гости со 1-1 во 11 коло од Премиерлигата, „Спарси“ сега ги очекува не баш лесно гостување кај српскиот првак, меѓутоа по тоа што се случи на „Гудисон Парк“ каде во хорор повредата на Андре Гомеш инволвиран беше Сон, се поставува прашањето колку тој е подготвен за утревечерниот меч во Лигата на шампионите.

Корејската ѕвезда беше во неверување по тоа што му се случи на Гомеш, а снимките потврдија дека кај него нема речиси никаква вина за фрактурата кај Португалецот, меѓутоа очигледно беше дека доживеа голема траума од тој момент, а на Островот пренесуваат дека Тотнем веќе му понудил да му помогне на својот фудбалер да ја надмине таа траума.

Како што наведува „Мирор“, постојат сомнежи околу тоа дали Сон ќе отпатува со тимот во српската престолнина, а се верува дека Премиерлигашот убаво ќе размисли што со него, не е исклучена можноста тој подоцна да се приклучи на тимот, или да остане во Лондон.