24фудбал

Валверде откако го изостави Дембеле: Сите треба да го заслужат местото, тој не е исклучок

Тренерот на Каталонците упати директна порака до младиот офанзивец кој подолг период се шпекулира дека е на излезна врата од „Камп Ноу“, тој им се врати на повредите, но и на лошите настапи во тимот.

Шпанија

Шефот на стручниот штаб на Барселона, Ернесто Валверде упати јасна порака до Осман Дембеле, порачувајќи му на Французинот дека треба со работа да се избори за местото во првиот состав на Каталонците.

Новата сезона е уште една фрустрирачка за Дембеле, кој воедно продолжи со проблемите околу повредите, дополнителен проблем беше неговото исклучување во победата против Севиља од 4-0, по што заработи суспензија од два меча.

Французинот повторно е на располагање кај Валверде, меѓутоа изминатиот викенд беше изоставен во поразот кај Леванте на нашиот Енис Барди, а говорејќи на пресконференцијата во пресрет на вечерашниот дуел против Славија Прага во Лигата на шампионите, Валверде посочи дека 22 годишниот офанзивец треба да работи напорно за да го заработи своето место во тимот.

Сите треба да го заработат своето место во тимот – Дембеле не е исклучок во тоа“ рече Валверде.

Кога тој игра, тој би можел да остане на таа позиција (доколку игра добро), истото се однесува и на Ансу Фати, Луис Суарез, Антоан Гризман, или Џерард Пике. Кога имате шанси, треба да се обидете да останете во тимот“ додаде Валверде.

Дембеле во текот на летниот преоден рок се шпекулираше дека е на излезна врата од „Камп Ноу“, а повеќе медиуми пренесуваа дека Барселона дала зелено светло и да го вклучи во пакетот понуда до ПСЖ за да го врати Нејмар во тимот.