24фудбал

Гути го презеде кормилото на Алмерија, а клубот имаше доста интересна најава за тоа (ВИДЕО)

Алмерија во моментов е второпласирана екипа во шпанската второлигашка конкуренција, дебито на клупата на тој состав, Гути ќе го има претстојниов викенд на домашен терен против Реал Сарагоса.

Шпанија

Поранешниот долгогодишен член на Реал Мадрид, Хозе Мариа Гутјерез, попознат како Гути седна на клупата на шпанскиот второлигаш Алмерија, наследувајќи го на таа позиција Педро Емануел, кој си замина од клубот во текот на вчерашниот ден.

Сигурниот број „14“ прелетува тука“ објави Алмерија синоќа на социјалните мрежи, а шпанскиот второлигаш на доста интересен начин го најави Гути, објавувајќи видео во стилот на филмовите со „Бетмен“.

Од тој момент на објавата, на многумина им стана јасно дека станува збор за Гути, со оглед на фактот што токму тој го носеше дресот со број „14“ во поранешната генерација на Реал Мадрид.

Исто така, сопственикот на Алмерија, Турки Ал-Шеик објави фотографија на социјалните мрежи на која напиша и појаснување за истата: Со легендата на Реал Мадрид и шпанскиот национален тим“.


43 годишниот Гути со Алмерија ќе го има својот прв професионален ангажман како тренер, откако претходно помина одреден период во младинскиот погон на Реал Мадрид, а еден период беше и асистент на Сенол Гунеш во Бешикташ.