24фудбал

Швајнштајгер за Мурињо: Се сеќавам постојано ме прашуваше за Баерн Минхен и Бундеслигата

Португалскиот фудбалски стратег повторно се споменува како можен тренер на Баерн Минхен, овој пат откако таа позиција во германскиот првак остана празна по заминувањето на Ковач.

Германија

Нико Ковач го напушти кормилото на Баерн Минхен, хрватскиот фудбалски стратег понуди оставка по шокантниот пораз кај Ајнтрахт Франкфурт, а клубот ја прифати, а повторно за таа позиција се споменува Жозе  Мурињо кој од поодамна е без ангажман.

Легендата на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер, кој соработуваше со Мурињо во Манчестер јунајтед, во изјава за „Билд“ потврди дека одреден период Мурињо се интересирал за таа позиција во тимот на „Баварците“.

Можам да го замислам Мурињо во Германија, се сеќавам тој постојано ме прашуваше за Баерн Минхен и Бундеслигата, во текот на нашите гостувања постојано имаше Бундеслига на ТВ“ рече Швајнштајгер.

Тој навистина го знаеше секој фудбалер, од помалите до поголемите екипи, исто така тој учеше и германски јазик, засега немал ангажман во Бундеслигата, меѓутоа можам добро да го замислам како работи таму, мислам дека тоа за него ќе биде доста привлечна опција“ додаде тој.