24фудбал

Зидан летоска го бркаше Бејл од Мадрид а сега со друга песна: Сакам да остане до крајот на сезоната

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги прокоментира гласините за трансфер на Герет Бејл во јануари, вели дека смета на играчот и посакува Велшанецот да остане до крајот на сезоната.

Шпанија

Изминатово лето, популарниот Зизу инсистираше Герет Бејл да биде продаден, стратегот неколку пати јавно порача дек е најдобро за сите страни Велшанецот да пронајде нов клуб, но трансфер не се случи.

Сепак, по неколку турбулентни месеци, сега одново се говори за можноста играчот да замине и тоа веќе во јануари. Но Зинедин Зидан денеска излезе со нова песна и изрази желба да го задржи фудбалерот до крајот на сезоната.

„Сакам Бејл да остане во Реал до крајот на сезоната. Луѓето постојано велат дека сакам тој да замине во зимскиот преоден рок, но тоа се глупости“ – порача Французинот на денешната средба со новинарите.

Герет Бејл во моментов е надвор од стројот откако минатиот месец заработи повреда на настап со репрезентацијата. И покрај тоа што нема одиграно ниту една минута за Реал, тој се најде во составот на Рајан Гигс за мечевите на Велс за десетина дена.

„Бејл не тренира, не е подготвен. Велс го повика, имаат право на тоа. Се работи за датум на ФИФА и ние не можеме ништо. Ќе видиме што ќе се случи, дали ќе може да игра за репрезентацијата. Преферирам да остане тука, но... “