24фудбал

Елмас и соиграчите покажале непослушност, а Анчелоти им дал поддршка, го бојкотираат карантинот!?

Играчите на Наполи и нивниот тренер Карло Анчелоти по мечот со Салцбург си заминале во своите домови наместо во тренинг центарот каде што требаше да бидат во карнтин до натпреварот со Џенова.

Италија

Наполи одигра уште еден меч во кој имаше многу шанси но немаше реализација поради што и не победи, дуелот на Сан Паоло со Салцбург заврши 1-1.

Италијанските медиуми повеќе пишуваат за случувањата по мечот отколку за самиот натпревар, а информациите се различни.

Претседателот на клубот, Аурелиот Де Лаурентис им нареди на играчите и стручниот штаб да поминат една недела во карантин, тој требаше да заврши со викенд мечот против Џенова.

Анчелоти и фудбалерите не беа задоволни од ваквата одлука. По мечот со Салцбург, тие наместо да се упатат кон тренинг центарот си заминале во своите домови со своите пријатели или членови на фамилиите.

Нема потврда од клубот дали имаат зелено светло од Де Лаурентис или Анчелоти ги земал работите во свои раце па им дозволил на фудбалерите да си заминат дома.

Некои пишуваат дека играчите одбиле да се вратат во тренинг центарот, а Анчелоти ги поддржал во бојкотирање на одлуката на претседателот Де Лаурентис.

Други информации велат дека Де Лаурентис им дозволил да заминат дома, но со ветување дека ќе останат во своите домови и нема да излегуваат освен на тренинзите. Нешто како во домашен притвор.

Дополнително, Анчелоти и Љоренте кои требало да дадат изјави по мечот, не се појавиле пред медиумите иако тоа е задолжително. УЕФА со сигурност ќе го казни Наполи поради тоа.

Изјава од таборот на Наполи даде Лоренцо Инсиње, но тоа беше од теренот веднаш по последниот свиреж на судијата.

Состојбата во Наполи не е добра, тимот не победува, дури се пишува дека Анчелоти наскоро би можел да биде сменет. Во наредните денови се очекува ситуацијата да стане многу појасна.